33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Европскиот првак го здроби најголемото изненадување на првенството

Актуениот европски ракометен првак во женска конкуренција, селекцијата на Франција се пласираше во финалето и ќе се обиде да го одбрани тронот, откако во полуфиналето убедливо со 30:19 (15:5) ја победи Хрватска. Во изминативе четири години Франција еднаше беше светски и еднаш европски првак, а против Хрватска ја имаше фаворитската улога.

Коцкестите кои прв пат играат во полуфинале на ЕП, немаа сили за уште една сензација. Мечот започна израмнето само во првите неколку минути кога беше 3:3. Потоа следуваше фуриозна игра на Франција и со серија од 8:0, Галските петли стигнаа до 11:3. До крајот на првиот дел, Франција стигна и до двоцифрена предност, па на полувремето се замина со резултат 15:5.

Во вториот дел, фаворитот само рутински одработи и во ниеден момент не дозволи Хрватска да намали под седум разлика. На крајот Франција обезбеди место во финалето, ка деќе го чека подобриот од второто полуфинале меѓу Норвешка и Данска.

 

- Оглас -

Најнови вести