Европскиот првак ја доби битката за одличниот стопер на Лајпциг

Баетн Минхен ја добит трката со Манчестер јунајтед, Челзи, Борусија Дортмунд и уште неколку европски екипи, кои сакаа да го ангажираат Дајот Упамекано и како што објавија француските медиуми веќе ја завршил работата за ангажман на 22-годишнито стопер на Лајпциг.

Упамекано, кој игра за француската репрезентација ова лето ќе се пресели во Минхен за сума од околу 45 милиони евра, колку што е отштетата што ја одреди Лајпциг.

Се работи за еден од најдбрите стопери на светот, а предност му е што е млад и има само 22 години, па во перспектива може долго да игра за Баерн.

Баварците веднаш реагираа по најавата за заминување на Давид Алаба и падот на формата на Џером Боатенг, па сега останува само формалност да се потпише договор со Упамекано, објави француски „Л`Екип“.

 

- Оглас -

Најнови вести