-0.2 C
Skopje
вторник, 16 декември 2025

Европскиот првак Мијалков во Молдавија доби плакета за успехот и промоцијата на Македонија

Македонскиот мотоциклист Петар Мијалков, кој е европски првак со титула во БМУ шампионатот, во саботата на свечен настан во Молдавија доби уште едно меѓународно признание за постигнатиот успех.

Мијалков доби специјална плакета за остварени спортски резултати, и тоа во Молдавија, каде што беше пречекан со високи почести и богата програма. Петар присуствуваше на повеќе свечени настани, а имаше можност и да ја зацврсти симболиката на спортското поврзување меѓу народите.

Свеченото врачување на плакетата се одржа во реномираната сала „Каса Алба” во градот Унгени, каде што признанието лично му го предаде претседателот на Турската мото федерација, Хакан Ертан Пеливан.

Мијалков при примањето на наградата гордо го развеа македонското знаме, испраќајќи силна порака за успехот, трудот и достоинственото претставување на Македонија на европската и на меѓународната спортска сцена.

- Оглас -

Најнови вести