(1801) Баерн Минхен – Шалке 04 (20:30ч)
Актуелниот европски и германски првак Баерн Минхен ја има честа да ја отвори новата сезона во Бундеслигата, и тоа во меч кој некогаш важеше за дерби против Шалке 04. Колку што Баварците добија на квалитет во изминативе неколку години, толку тимот од Гелзенкирхен загуби на квалитет и повеќе не е меѓу водечките екипи во Бундеслигата.
Баерн е апсолутен фаворит во овој дуел и воедно негува серија од четири победи на „Алијанц арената“ против Шалке. На последното гостување во Минхен, Шалке претрпе дебакл од 5-0, а се најавува сличен резултат и во премиерниот меч.
Предлог тип: 1-1 & 2-5 (2.22)
(1704) Олимпик Лион – Ним (21ч)
Лион игра „топло-ладно“ во воведниот дел од шампионатот во Лига 1 и по три меча брои четири бода. Во обид да ги сочуваат клучните играчи, Лавовите не се на потребното ниво кое го прикажаа во дуелите против Јувентус и Манчестер сити во Лигата на шампионите, но вечерва се големи фаворити и треба да ја оправдаат улогата.
Во вкупно седум меѓусебни дуели против Ним, Лион има биланс 5-2 во победи, со тоа што ланскиот повратен дуел не се одигра поради прекинот на сезоната. Во победите Лион редовно постигнува по два или повеќе гола, ефикасноста и вечерва ќе се покаже на дело.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.64)
(1536) Фамаликао – Бенфика (20ч)
Вицепрвакот Бенфика доби прилика да назначи старт на новата сезона во Португалија со гостување кај незгодниот Фамаликао. Лисабонските Орли во две гостувања кај Фамаликао ремизираа со идентични 1-1, но во вкупно четири меѓусебни дуели брои две победи – една во првенството и една во Националниот куп.
Бенфика одлично помина во подготовките, но елиминацијата од ПАОК во ЛШ силно удри по довербата на фудбалерите на Жорж Жесус, што може да влијае врз нивната игра вечерва.
Предлог тип: ГГ3+ (2.25)
(1011) Ковентри – КПР (20:45ч)
Ренџерите тргнаа со сигурна победа на стартот од Чемпионшип лигата, Ковентри пак, како тим што се очекува да се бори за опстанок, почна со пораз на гости кај Бристол, но вечерва има улога на благ фаворит. Овие две екипи последен пат се сретнаа во 2011 година, пред Ковентри да испадне во Третата англиска лига
Во таа сезона 2010/11, КПР го доби двомечот со 2-0 и 2-1, па големи се шансите и во вечерната средба да има два или повеќе гола.
Предлог тип: X2 0-3 (2.03)
(3401) Славија Прага – Теплице (20ч)
Актуелниот чешки првак киксна во претходното коло и се спречи да изгради победничка серија. Вечерва на стадионот „Синобо“ гостува тимот на Теплице, тимот кој веќе седум години се нема радувано во Прага, а последен пат даде гол пред три години.
Славија брои седум последователни победи против Теплице и не планира да застане со успешната низа. Теплице не е во добра форма и нареди два порази во првите три кола од стартот, многу извесен е третиот.
Предлог тип: 1 двојна (1.87)