Европскиот првак падна во Мадрид

Реал Мадрид ја оствари седмата победа во Евролигата, односно петта во низа, откако на домашен терен го совладаа европскиот првак ЦСКА Москва со конечни 97:81 во големото дерби на 10-тото коло. Кралевите добија херој во сенка, Габриел Дек беше најзаслужен што Армејците влегоа во мини-серија од два порази, откако Аргентинецот доминираше и во реализација и под обрачите.

Домаќините во три од четирите периоди реализираа 23 или повеќе поени, што значи дека постепено ја градеа двоцифрената предност за која стравуваа до последните минути. ЦСКА со многу мака успеа да дојде од -14 до -6 во последните пет минути од мечот, меѓутоа Кралевите не оставија ништо на случајот и го зграпчија триумфот за кој толку се бореа претходно.

Од пет кошаркари со двоцифрен учинок во редовите на Реал, најмногу постигна Дек, 17, а додаде и 11 скока во својата статистика. По него следуваше Љуљ со 15 поени, па тие двајца му парираа на Војгтман и неговите 20 поени.

Останати резултати од 10-тото коло на Евролига:

Баерн Минхен 75:87 Панатинаикос, Асвел 72:88 Фенербахче, Басконија 70:60 Зенит.

- Оглас -

Најнови вести