Европскиот првак повторно пазари во ППД Загреб

Вардар го осигура потписот на Анте Гаџа за следната сезона, а од редовите на ППД Загреб доаѓа уште едно засилување за актуелниот европски ракометен првак. Се работи за 210 сантиметри високиот десен бек Јосип Векиќ, кој треба да послужи како замена за летонскиот „џин“ Даинс Криштопанс.

Хрватскиот интернационалец минатата сезона играше како позајмен за тимот на Дубрава, а сега добива прилика да го покаже својот потенцијал во Лигата на шампионите.

Вардар досега се засили со македонските репрезентативци Гоце Георгиевски и Филип Талески, Томислав Јагуриновски, францускиот голман Робин Кантегрел и споменатиот Гаџа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести