14.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Европскиот првак пресилен, светла точка на битолчани е младиот Хаџиќ

Еурофарм Пелистер беше немоќен на гостувањето кај европскиот ракометен првак Магдебург и загуби со 26-36, а ако треба да се бара нешто позитивно од овој пораз кој е втор најтежок за тимот сезонава после оние -11 со Висла, тоа е што 18-годишниот мега талент Алем Хаџиќ кој даде 4 гола, покажа дека може да му се дава поголема шанса на наредните мечеви.

Хаџиќ беше втор стрелец кај битолчани по Кузмановски кој даде 6 голови, а Митревски на голот имаше 6 одбранети шутеви. Омар Магнусон со 10 гола од 10 шута беше најдобар стрелец на Магдебург кој остана перфектен после 6 кола во групната фаза од Лигата на шампионите.

Фото: Франциска Гора.

- Оглас -

Најнови вести