Актуелниот шампион на кошаркарската Евролига, Анадолу Ефес, вечерва во Истанбул го победи Виртус Болоња со 86-67 и остана со теоретски шанси за влез во плејофот, во кој ќе играат осумте најдобри во Европа.
За Ефес ова е втора победа по ред и сега имаат скор 16-16, а му останаа уште два меча до крајот на регуларната сезона. За да се најде во разигрувањето, Ефес ќе мора да ги добие и последните две средби, но и да чека киксеви на Басконија и Жалгирис кои имаат по 16-15, а утре ги играат своите 32-ри мечеви.
Вечерва се игра и во Барселона, каде што Каталонците бркаат обезбедување на предност на домашен терен во четвртфиналето, а во првото полувреме на мечот со Алба Берлин се случи една смешна ситуација. Кошаркарот на Алба, Луис Олинде, го смести баскетот во погрешниот кош и ги почести противниците со два поени.
https://twitter.com/i/status/1641516702776041483