Европскиот првак се бори, но не зависи само од него дали ќе игра плејоф, Алба си даде автокош (Видео)

Актуелниот шампион на кошаркарската Евролига, Анадолу Ефес, вечерва во Истанбул го победи Виртус Болоња со 86-67 и остана со теоретски шанси за влез во плејофот, во кој ќе играат осумте најдобри во Европа.

За Ефес ова е втора победа по ред и сега имаат скор 16-16, а му останаа уште два меча до крајот на регуларната сезона. За да се најде во разигрувањето, Ефес ќе мора да ги добие и последните две средби, но и да чека киксеви на Басконија и Жалгирис кои имаат по 16-15, а утре ги играат своите 32-ри мечеви.

Вечерва се игра и во Барселона, каде што Каталонците бркаат обезбедување на предност на домашен терен во четвртфиналето, а во првото полувреме на мечот со Алба Берлин се случи една смешна ситуација. Кошаркарот на Алба, Луис Олинде, го смести баскетот во погрешниот кош и ги почести противниците со два поени.

- Оглас -

Најнови вести