38.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Европскиот првак се изјасни околу учеството во Суперлигата

Манчестер сити денеска и официјално треба да го добие епитетот за најдобар тим во светот ако победи против Флуминесе во финалето на Светското клупско првенство. Англискиот гигант оваа година го оствари сонот, а тоа е да биде европски првак за првпат во кариерата.

Додека Сити е во Саудиска Арабија, во Европа се случија многу турбуленции кога се работи за клупскиот фудбал. Европскиот суд одобри формирање на Суперлига, која доколку успешно биде создадена, ќе значи згаснување на Лигата на шампионите.

Челниците на Сити категорично ја одбија идејата за формирање на Суперлига и порачаа дека се на ист став од 2021 година, кога Граѓаните заедно со останатите англиски екипи едноставно се повлекоа од идејата за формирање ново натпреварување кое нема да биде под „капата“ на УЕФА.

„Манчестер сити уште во 2021 година службено започна процедура за повлекување од групата која го протежира формирањето на европската Суперлига. Нашиот став не е променет. Остануваме верни на вредностите на европскиот фудбал и заедно со другите клубови ќе продолжиме да работиме низ ЕКА и ќе учествуваме во натпреварувањата на УЕФА“, стои во ставот на Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести