25.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Европскиот првак Вардар во пеколна група за следната сезона во ЛШ

Вардар како сè уште актуелен европски ракометен владетел ја дочека денешната ждрепка во ЕХФ Лигата на шампионите за сезоната 2020/21. Црвено-црните пред повеќе од една година го освоија континенталниот трон и уште се таму поради пандемијата со корона-вирусот. Поради опасниот вирус, ЕХФ мораше да ја одложи нокаут-фазата во ЛШ, но и завршницата во Келн, па Вардар уште е во ситуација на европски шампион.

На денешната ждрепка, Вардар беше извлечен како носител во групата А, каде што за противници ги доби: Пари Сен Жермен, Киелце, Порто, Пик Сегед, Мешков Брест, Елверум и Фленсбург.

Во групата Б ќе играат: Барселона, Веспрем, Кил, Алборг, Нант, Мотор, Целје, Загреб.

Сезоната ќе почне на 12-13 септември, ќе се игра двокружно (дома и на гости), а дуелите ќе се играат во среда и четврток.

- Оглас -

Најнови вести