Европскиот првак загуби со автогол, Шпанија се пласира во осминафиналето (Видео)

Европскиот првак Италија го доживеа првиот пораз на ЕВРО 2024. Подобар ривал во европската класика беше селекцијата на Шпанија која доминираше во текот на целиот меч, а на крајот славеше со 1-0 и тоа со автоголот на Рикардо Калафиори во 55.минута.

Со овој триумф, втор за Црвената фурија, Шпанија веќе обезбеди пласман во осминафиналето придружувајќи и се на домашната селекција на Германија.

Решавачкиот момент се случи во 55.минута. По нафрлувањето од левата страна, Домарума интервенираше, топката удри во коленото на Калафиори и заврши во мрежата на Италијанците.

Нико Вилијамс во 70.минута со удар од далечина ја погоди гредата, а Шпанците имаа уште неколку шанси преку Алваро Мората, Нико Вилијамс и Ајозе Перез. Најдобар поединец кај Италија беше голманот Џанлуиџи Донарума кој го спаси тимот од поубедлив пораз.

- Оглас -

Најнови вести