Глазгов ренџерс и Наполи се топ-фаворити во првата сеанса од 16 натпревари од различни спортови што се во денешната понуда на Sport Life со Супер типот.
Глазгов ренџерс кој е најтрофеен европски клуб според бројот на домашни титули, а ги има дури 55 во Шкотска е голем фаворит против Сент Мирен на гости.
Двојката е засилена како што е и вообичаено за натпревар што го има во понудата со Супер типот и може да се одигра за 1.50 на мечот што ќе се игра од 13.30 часот.
Час и половина подоцна Наполи ќе игра со Удинезе во Серија А, а натпреварот е интересен и за нас поради дуелот меѓу Елиф Елмас и Илија Несторовски.
Дали македонските репрезентативци ќе играат не се знае, но јасно е дека Наполи е фаворит, а коефициентот за единица е зголемен во Супер типот и може да се одигра со квота 1.61.
Серијата од 12 фудбалски натпревари по ред ќе ја прекине ракометното дерби меѓу Норвешка и Шведска од 20.30 часот на ЕП.
Норвежанките се апсолутни фаворитки, па за љубителите на ракометот сигурна варијанта би требало да биде единицата со коефициент 1.38.
Потоа има уште два фудбалски натпревари, а понудата завршува со НБА мечот меѓу Далас маверикс и Портланд трејлблејзерс закажан за 2.30 часот по полноќ.