Натпреварот за Суперкупот на УЕФА во 2025 година ќе се игра во Удине на стадионот „Фриули“, соопшти УЕФА по состанокот на Извршниот комитет.
Средбата помеѓу освојувачите на Лигата на шампионите и Лига Европа, ќе се игра на 13-ти август.
Ова ќе биде првпат Суперкупот откако се игра по овој формат, со еден меч, да се игра во Италија. Од 1998 до 2012 година, Суперкупот се играше во Монако, а послелдните години секогаш на различно место, во 2017 година честа ја имаше Скопје со спектаклот Реал Мадрид – Манчестер јунајтед.
Италија, поточно Торино, може да биде домаќин на уште еден голем фудбалски настан во 2025 година, а тоа е полуфиналето и финалето на елитната Лига на нации.
Доколку Италија ја победи Германија и се најде во полуфинале, завршницата ќе биде во Торино на стадионите на Јувентус и Торино. Ако победи Германија, тогаш фајнал-форот ќе се игра во Минхен и Штутгарт.