Пехарот кој се доделува за најдобрата европска репрезентација настрада при една емисија која се емитуваше во живо од стадионот во Букурешт. Монтираната позадина не го издржа силниот ветер, се урна и со себе го собра европскиот трофеј кој стоеше во непосредна близина до презентерката.
Токму на овој стадион Македонија ќе одигра два од трите меча во групната фаза на претстојното ЕП, кое ќе биде прво историско учество на Рисовите на големата меѓународна сцена. На 13 јуни силите ќе ги одмериме против Австрија, а четири дена подоцна е предвиден мечот против Украина.
SCENES! The Euro 2020 trophy fell to the ground during a live broadcast in Bucharest! Bring it home! pic.twitter.com/gWUUqskO9i
— Emanuel Roşu (@Emishor) April 25, 2021