1006 – Арсенал – Лутон (20:30)
Дуелот против Лутон ќе биде можност за Арсенал барем привремено да се врати на врвот од Премиер лигата. Првиот меч во предградието на Лондон заврши со победа на Топчиите од 3-4, а ефикасен фудбал се очекува и вечерва, со многу голови во мрежата на гостите.
Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.08)
1008 – Манчестер сити – Астон вила (21:15)
Според пласманот на табелата, дуелот помеѓу Манчестер сити и Астон вила е дерби на колото во Премиер лигата. Граѓаните се третопласирани, додека клубот од „Вила парк“ е една позиција подолу со пет поени помалку од актуелниот шампион. Манчестер сити ќе мора да се вади за ремито против Арсенал и да атакува на победа против незгодниот противник.
Предлог тип: Т1 1-3I & 1-3II (1.89)
3624 – Фиорентина – Аталанта (21:00)
Дуелот во Фиренца ќе одлучи која од овие две екипи ќе биде поблиску до пласман во финалето од Купот на Италија. Последниот меѓусебен натпревар на Фиорентина и Аталанта заврши со победа на Виолетовите од 3-2. Воедно, Фиорентина на последните четири меча одигра „гол-гол“, а три од тие натпревари беа најмалку со три гола.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.09)
2843 – Баер Л. – Фортуна Д. (20:45)
Второлигашот Фортуна Дизелдорф стои на патот на Баер Леверкузен до финалето од Купот на Германија и само чекор поблиску до двојната круна во германскиот фудбал оваа сезона. Фармацевтите на последните три натпревари примија барем по еден гол, а нивната мрежа само на еден меч од последните пет остана нечепната. Она што е интересно, екипата на Баер на мечевите од 1/16-финалето, осминафиналето и четвртфиналето од Купот на Германија примаше најмалку по еден гол.
Предлог тип: Т12+ & ГГ (2.60)
2841 – ПСЖ – Рен (21:10)
Слично како и Баер Леверкузен, и екипата на ПСЖ е на чекор од пласман во финалето од Купот на Франција, а тоа значи и поблиску до освојувањето на двојната круна во францускиот фудбал. Светците на последните три натпревари забележаа убедливи победи против Марсеј, Монпеље и Ница, па нема причина зошто најквалитетната екипа во Франција не продолжи во ист ритам и вечерва.
Предлог тип: 1 & 1+I & 1+II (1.88)