-1.2 C
Skopje
петок, 2 јануари 2026

Гигантите почнаа да се откажуваат од Суперлигата – сонот на децата е да ја освојат ЛШ, а не Суперлигата

Суперлигата доби „зелено светло“ од европскиот Суд, но уште во првите 24 часа се случуваат откажувања. Првична идеја беше оваа Суперлига да се формира во 2021 година, но тогаш доби забрана од УЕФА и ФИФА. Сега нема правна пречка за формирање на натпреварувањето, но очигледно е дека не се сите заинтересирани за настап во неа.

Најтрофејниот германски клуб, Баерн Минхен, кој има четири титули во Лигата на шампионите, одби да учествува во оваа идеја за ново натпреварување. „Јасно е дека Баерн ја затвора вратата за Суперлигата. Таквото натпреварување ќе претставува напад на важноста на домашните првенства, но и како опасност за европскиот фудбал во целост“, вели извршниот директор на Баерн, Јан-Кристијан Дресен.

Манчестер јунајтед, кој трипати бил првак на Европа, исто така нема да биде дел од Суперлигата. „Нашата позиција не е променета. Остануваме верни на настапите во натпреварувањата на УЕФА и Премиер лигата“, стои во соопштението од Манчестер јунајтед.

Атлетико Мадрид, кој двапати играше во финале на ЛШ, како и Севилја, која е рекордер по бројот на титули во Лигата на Европа, се првите два клуба од Шпанија кои се редовни во европските натпреварувања, а ѝ откажаа „љубов“ на Суперлигата.

Некогашниот германски репрезентативец, Месут Озил, објасни дека Суперлигата нема да биде исто што и Лигата на шампионите и дека сите млади фудбалери сонуваат да играат во ЛШ.

„Децата растат со сонот дека ќе го освојат Светското првенство и Лигата на шампионите, а не Суперлигата. Уживањето во големите натпревари е дека тие се случуваат еднаш или двапати годишно, а не секоја недела“, вели Озил во својата реакција.

- Оглас -

Најнови вести