За натпреварот помеѓу Бразил и Камерун, кој ќе се игра на 2 декември во Лусаил, владее најголем интерес од сите мечеви од групната фаза на Мундијалот во Катар. Според продадените билети, овој меч е на врвот.
Бразил во првото коло игра против Србија, а оваа средба е втора на листата според продажбата на билети. Во топ 5 се и дуелите Португалија – Уругвај, Костарика – Германија и Австралија – Данска.
Од ФИФА соопштија дека се продадени вкупни 2,4 милиони билети, а наскоро почнува продажбата и преку интернет. Најбројни купувачи биле фанови кои живеат во Катар, Саудиска Арабија, САД, Мексико, Обединетите Арапски Емирати, Англија, Аргентина, Бразил, Велс и Австралија.