Европските прваци се на стартната линија – Жешка битка за круната ги чека најтрофејните

Во Портимао, утре од 20 часот ќе започне рестартот на најсилната португалска лига по цели три месеци пауза поради пандемијата со корона-вирусот.

На сцена со премиерниот меч меѓу Портимоненсе и Жил Висенте се враќа популарната Примеира, а актуелните европски прваци ќе ги играат мечевите до крајот на сезоната без присуство на публика.

Првенството ветува незивесна битка за титулата меѓу двата најтрофејни клубови во Португалија, а Порто со 28 титули има предност од еден бод пред 37-кратниот првак и рекордер Бенфика.

Токму Порто ќе игра утре во стартниот ден при камбекот на португалското првенство од 22.15 часот на гостински терен со Фамаликао.

Во португалското првенство игра и Стефан Ристовски, единствениот наш репрезентативец во оваа земја. Со Спортинг десниот бек на македонската репрезентација на рестартот ќе игра задутре на гостински терен, а Лавовите од Лисабон ќе бијат битка со стартна позиција број 4 за настап во Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести