Премиерот Зоран Заев ги прими ракометарите на Вардар, кои се новите европски шампиони по блескавите настапи во Келн на фајналфор турнирот и најави дека ќе предложи на владина седница да им се додели награда од 500 илјади евра.
Има најава дека наградата ќе биде уште поголема, со дополнителни 100 илјади евра од Агенцијата за млади и спорт.
„Среќни сме што постои клубот и сакаме да опстане. Затоа, ќе предложам на седница на Влада да доделиме 500.000 евра како награда за постигнатиот успех, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади и спорт.“ објави Премиерот Заев на својот фејсбук профил.
Премиерот додаде дека ќе се превземат мерки за стабилност на клубот.
„Уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму. Ќе се посветиме да изнајдеме начин за натамошната работа преку законски решенија и со помош на државните институции. Вие им носите радост на граѓаните, а државата ќе возврати со влог во иднината на македонскиот ракомет и македонскиот спорт. Честитки Вардаре!“, додаде Заев во пораката на својот ФБ профил.
“