„Евроспорт“ им ги кинеше нервите на фановите на Ѓоковиќ и Димитров: преносот прекинат, па вратен

Телевизијата „Евроспорт“ која ги има правата за пренесување на мечевите од Отвореното првенство на Австралија во тенис, при 3-0 во гејмови за Ѓоковиќ во текот на третиот сет на неговиот дуел со Димитров, го прекина преносот на својот прв канал, и со слика се префрли на средбата на Мареј и Баутиста Агут.

Фановите на Србинот и Бугаринот останаа во шок, а преносот од балканскиот меч бил префрлен на „Евроспорт 4К“ кој не е достапен за сите гледачи. Сепак, подоцна повторно дуелот на Ноле и Гришо се најде на првиот канал.

Кога беше прекинот, и коментаторите прво биле затечени, не знаеле што да им објаснат на гледачите, а подоцна е објаснето дека префрлувањето се случило затоа што централата на телевизијата одлучила оти мечот на Британецот и Шпанецот бил поинтересен и понеизвесен од тој на Ѓоковиќ и Димитров.

- Оглас -

Најнови вести