11.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

Езе го реши „својот“ Кристал Палас, Астон Вила го победи Сити (Видео)

Арсенал славеше на „Емирати“ против Кристал Палас со 1-0 и се зацврсти на врвот на табелата во Премиер лигата со четири бода предност во однос на Борнмут. Еберечи Езе го постигна единствениот гол за Топчиите во 39-тата минута, и тоа против „својот“ Кристал Палас, каде играше пред трансферот во Арсенал.

Астон Вила го победи Манчестер сити со 1-0. Мет Кеш во 19-тата минута ја затресе мрежата на гостите, а Халанд постигна погодок за израмнување во 90-тата, но голот не беше признат поради офсајд позиција.

Борнмут го совлада Нотингам Форест со 2-0, со головите на Таверние и на Крупи, по што овој тим се искачи на втората позиција на табелата.

Барнли на гостински терен славеше против Вулверхемптон со 2-3.

- Оглас -

Најнови вести