Езерата исушени, Елените и Гризлите се опасни и без своите главни ѕвезди (Видео)

Домашните екипи победија во трите натпревари во НБА-лигата кои се играа рано утрово.

Мемфис гризлис и без Џа Морант во составот, со 103-93 триумфираше против Лос Анџелес лејкерс и изедначи на 1-1 пред преселбата на серијата во Калифорнија.

Милвоки бакс без Јанис Адетокумбо славеше над Мајами хит со 138-122 и израмни на 1-1 по киксот на првиот дуел. Елените покажаа тимска игра, седуммина играчи имаа двоцифрен број поени и така го надоместија отсуството на нивниот прв стрелец.

Водство од 2-0 има Денвер нагетс, кој ја совлада Минесота тимбервулфс со 122-113 во интересен меч на кој Груките имаа позитива од 21 разлика, па Шумските волци направија пресврт и во последната четвртина влегоа во минимална предност, но последните 12 минути, кога беше најпотребно, повторно доминираше Денвер. Џамал Мареј уфрли 40 поени, а кога тој е на вакво ниво, заедно со стандардно добриот Никола Јокиќ, за Денвер „нема зима“.

Мемфис беше многу мотивиран, првата четвртина против Лејкерс ја доби со 30-19, а во тој период набрзина дадоа и седум поени за помалку од 10 секунди. Еве како изгледаше тоа:

- Оглас -

Најнови вести