Ф1 не памти ваква доминација – двоцифрени квоти за победа на сите возачи освен за шампионот

Макс Ферстапен вози сезона за историја во Формула 1 шампионатот. Холандскиот возач доминира како што никој претходно тоа не го направил во најбрзиот спорт во светот.

Уште на неколку трки до крајот Ферстапен ја потврди третата шампионска титула и сега само поставува рекорди кои тешко дека во блиска иднина ќе бидат срушени. Тој победи на 16 од досегашните 19 трки сезонава, па јасно е зошто е апсолутен фаворит за триумф и денеска во Бразил.

Првакот доминираше на квалификациите и ќе стартува прв, а вчера беше најбрз и во спринт трката, па логично е дека и сега да биде апсолутен фаворит за победа. За било кој од останатите возачи кои ќе се појават на патеката, квотата за победа е двоцифрена.

Освен за побединик тука се уште многу други игри, вкупно 146 на број, кои може да ги најдете во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести