Патеката на Ф1 во Виетнам ќе биде инспирирана од неколку актуелни

И официјално, Формула 1 и градот Ханој објавија дека првата трка за големата награда на Виетнам ќе се вози во април 2020 година. Тоа ќе биде четврта трка во Азија во календарот на Ф1, покрај Сингапур, Кина и Јапонија, и четврта улична трка по Монако, Сингапур и Азербејџан.

Патеката ќе се наоѓа во срцето на Ханој, ќе биде со должина од 5,565 километри, а победничката церемонија ќе се одржува на цитаделата во Ханој, еден од симболите на главниот град на Виетнам.

Ќе има неколку тешки кривини, кои се инспирирани од веќе постоечки во Формула 1, и нема да биде лесно да се вози без грешка. Можноста за грешки е голема, но ќе има и доста места за престигнување.

Првите две кривини по стартно-целната рамнина се слични како на „Нирбургринг“ во Германија, има и кривини кои се речиси исти како на фамозната патека во Монте Карло, а „земени“ се делови и од патеките од „Сузука“ и „Сепанг“. Ќе има и правец од 1,5 километар на кој ќе се развиваат брзини од 335 километри на час, па потребно ќе биде многу тестирање и баланс. Задржувањето во бокс ќе биде кратко, па веројатно ќе има стратегии со повеќе посети на механичарите.

- Оглас -

Најнови вести