Најмладиот возач во Ф1 шампионатот сезонава е Андреа Кими Антонели. Тоа е момче кое има само 18 години и уште оди во средно училиште. Иако само што влезе во светот на полнолетните, Антонели има одлична сезона, а вчера на патеката во Имола го имаше и најбрзиот круг.
По досега извозените шест трки, Антонели кој е возач на Мерцедес, има освоено 48 бодови. Иако Ф1 бара голем ангажман и фокус, тинејџерот не го занемарува ни училиштето. Тој не може потојано да ја следи наставата, но сака да остане во контакт со соучениците.
Токму затоа Антонели реши другарите и другарките од цело одделение да ги покани да бидат на трибините на патеката Имола.
„Со помош на Мерцедес организирав целото мое одделение да биде на трибините на патеката во Имола. Мило ми е што можеа од прва рака да видат како функционира овој свет. Им го покажав болидот, им ги објаснив основните работи, но без премногу детали. Сакам да останам водобар контакт со нив затоа што често не сум дома и ретко ги гледам. Малите работи како овие, ја прават големата разлика“, вели 18-годишниот Антонели.
Such an epic field trip 🙌 Kimi Antonelli lives 30 minutes from the track and invited his class to Imola 😄
(📸 @MercedesAMGF1) pic.twitter.com/w49Tj5cNON
— ESPN F1 (@ESPNF1) May 15, 2025
Антонели е еден од фаворитите за висок пласман во денешните квалификации. Да успее Антонели да стигне до пол-позицијата пред своите соученици, квотата е точно 20.