ФА на Англија ја разреши судбината на Саутгејт пред финалето на ЕП

Гарет Саутгејт ќе продолжи да ја води Англија и во следните две години. Англиската фудбалска асоцијација има голема доверба во него, без разлика на резултатот од финалето на ЕВРО 2024 против Шпанија.

Според медиумите на Островот, челниците на англискиот фудбал веќе разговарале со Саутгејт и планираат тој да биде селектор и на Светското првенство во 2026 година.

Англија се пласира во второ последователно финале на Европско првенство откако на претходното загуби од Италија на пенали на „Вембли“.

Во недела, на 14 јули, тимот на Саутгејт ќе се обиде да го освои трофејот на ЕВРО 2024 играјќи против импресивната Шпанија. Селекторот на Англија во текот на турнирот често беше критикуван за игрите на гордиот Албион, но на крајот сепак успеа да ги одведе до уште едно финале.

 

- Оглас -

Најнови вести