Украинското крило на Челзи, Михајло Мудрик, се соочува со долга дисквалификација поради допинг.
Според правилата на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), која поднесе обвинение против Мудрик, Украинецот може да биде суспендиран до четири години откако беше позитивен на тестот за забранета супстанца за подобрување на перформансите (мелдониум) во 2024 година.
Мудрик нема играно од 28 ноември, беше привремено суспендиран од фудбалот во декември во исчекување на резултатите од неговиот примерок од Б-тест, а ФА сега потврди дека 24-годишникот е обвинет.
Украинецот, кој тврди дека не се допингувал, ангажирал позната адвокатска фирма да работи на неговиот случај, а поддршка му обезбедил и клубот Челзи, но тешко дека ќе избегне суспензија.