16.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

ФА сонува за Гвардиола како селектор на Англија

Раководството на Фудбалската асоцијација на Англија состави список на кандидати за местото селектор на англиската репрезентација. На списокот се четири лица, и тоа Еди Хау, Френк Лампард и Греам Потер како домашни решенија кои се во трка за функцијата, но главниот сон е тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

Во моментов селекторската функција ја врши Ли Карсли, под негово водство тимот забележа две победи по ред, но тој не е популарен во јавноста затоа што не сака да ја пее химната со објаснување дека тоа го „деконцентрира“ и сака да биде фокусиран на тактиката и мечот, а не на пеењето.

Името на новиот селектор ќе биде објавено пред почетокот на квалификациите за СП 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести