22.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Фабио постави нов фудбалски рекорд над рекордите, 1.391 настап!

Голманот на Флуминензе, Фабио, стана играчот со најмногу настапи во историјата на фудбалот. Овој 44-годишен голман стигна до бројка од 1.391 професионален натпревар, надминувајќи го поранешниот голман на Англија, Питер Шилтон.

Фабио кариерата ја почна во 1997 година, кога Шилтон замина во пензија. Кристијано Роналдо е трет на вечната листа со 1.283 одиграни меча.

Натпреварот против Америка де Кали (победа на Флуминенсе од 2-0) во рамките на Копа Судамерикана беше 235-ти за Фабио на голот на Флу. Најмногу натпревари (976) одигра за 16 сезони во Крузеиро, има 150 меча за Васко де Гама и 30 за Униао Бандеиранте.

- Оглас -

Најнови вести