Фабрегас и Тен Хаг се најсериозни кандидати за клупата на Баер Леверкузен

Чаби Алонсо и официјално објави дека си заминува од Баер Леверкузен на крајот од оваа сезона, па раководството на клубот веќе е во потрага по негов наслендник. Германски „Кикер“ објавува дека најсериозни кандидати за клупата на „фармацевтите“ се Ерик тен Хаг и Сеск Фабрегас.

Според германскиот медиум, поранешниот тренер на Манчестер јунајтед е подготвен да прифати далеку помала плата од онаа која ја имаше додека ги предводеше „црвените ѓаволи“, па затоа и се смета за најсериозен фаворит за наследник на Чаби Алонсо.

Раководството на Баер Леверкузен го фаворизира Сеск Фабрегас, но за него ќе треба да се плати обесштетување на Комо, со кого има договор до 2028 година, па затоа тој во моментов е во втор план.

- Оглас -

Најнови вести