20.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Фабрегас ќе дојде во Монако да го спаси клубот од испаѓање

Сеск Фабрегас во наредните неколку дена ќе го комплетира трансферот во Монако, тврди весникот „Л’Екип“. Шпанскиот офанзивен играч за врска не е задоволен од минутажата која ја добива во тимот на Челзи и сака да си замине, иако тренерот Маурицио Сари не сака да го продаде.

Монако е некогашен шампион на Франција, финалист во Лигата на шампиони, но сега е во зоната за испаѓање во домашното првенство. Тимот од малото Кнежевство има освоено само 13 бодови во досегашните 18 меча и се наоѓа на четири бода заостанување од зоната за опстанок.

На чело на екипата сега е Тјери Анри, кој беше соиграч на Фабрегас од времето во Арсенал. Фабрегас има договор со Челзи до крајот на сезоната и не сака да ја продолжи соработката. Тоа значи дека ако не биде продаден во јануарскиот преоден рок, на крајот од сезоната Челзи нема да добие ниту едно евро за неговото заминување.

Освен Монако, за Фабрегас се интересира и Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести