Фабрегас ќе го исфрлат од домот каде што живее?

Италијанските медиуми пренесуваат необична приказна за поранешниот ас на Барселона и светскиот шампион со Шпанија, Сеск Фабрегас. Триесет и седумгодишниот Фабрегас е тренер на италијанскиот калчолигаш Комо, кој оваа сезона влезе во Серија А, но тимот се соочува со голема борба за опстанок и има само два бода по четири одиграни кола.

Меѓутоа, Фабрегас моментно има и личен проблем надвор од теренот. Живее во Бисоне, престижен регион во Швајцарија, на околу 25 километри од Комо. Тој го изнајмува станот во којшто живее и наводно не платил неколку рати за кирија, поради што неговиот долг сега изнесува 36.000 евра.


Сопственикот на станот го однел случајот пред суд, а рочиштето е закажано за следната недела.

Доколку изгуби на суд, Фабрегас и неговото семејство би можеле да бидат исфрлени од станот. Сепак, се очекува дека Фабрегас, кој некогаш беше еден од најдобрите играчи на средината од теренот, брзо ќе ја реши оваа ситуација.

- Оглас -

Најнови вести