Јувентус го претрпе првиот пораз сезонава на домашен терен откако со 0:2 загуби од Комо. Оваа сезона Комо во двата меча против Јувентус забележа две победи со по 2:0. По вчерашниот триумф, Комо стигна до 45 бодови и сега е на шестото место на табелата со само еден бод помалку од Јувентус кој е петопласиран.
Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас е презадоволен од играта на неговите избраници и откри која е неговата цел.
„Фокусот е фундаментален ако сакате да дојдете тука и да победите силен тим со тренер кој ги сменил работите. Знам дека луѓето гледаат само на резултатите, но ако го погледнете стилот на игра и нивото на перформанси под водство на Спалети, тоа е неверојатен пресврт. Се обидовме да играме на начин што им го отежна на нашите противници. Моите момци прикажаа врвен настап, правејќи нешто различно од другите натпревари, а тоа беше постигнување на втор гол. Против вака квалитетен противник ако не постигнете втор гол, до крајот тие ќе ви израмнат. Нашата одбрана беше одлична, па голманот имаше само одбрана“, задоволно коментираше Фабрегас кој додаде дека неговиот тим ќе се стреми да игра во ист стил како што играч Арсенал под водство на Арсен Венгер, кога Сеск беше дел од Топчиите.
Fabregas has gotten the better of Juve this season ⚔️
Oct. 19: Como 2-0 Juventus
Today: Juventus 0-2 Como pic.twitter.com/aCT9dvp0RE— Italian Football TV (@IFTVofficial) February 21, 2026

