8.8 C
Skopje
сабота, 6 декември 2025

Фабрегас се закани дека Комо може да го победи Интер

Екипата на Комо е едно од најпријатните изненадувања сезонава во Серија А. Тимот предводен од тренерот Сеск Фабрегас е на петото место со 24 бодови, само пет помалку од Милан и Наполи кои се со по 28 бодови на челните две позиции.

За тоа колку е тешко да се игра против Комо покажува и фактот дека овој тим сезонава има само еден пораз во 13 меча. Следниот голем предизвик за Комо ќе биде утрешниот дуел против Интер на „Џузепе Меаца“ во Милано.

„Ќе ја играме нашата игра и ќе се обидеме да победиме. Не гледам друг начин. Но, мора да бидеме свесни дека ќе играме против многу силен тим. Сепак, ќе бидеме целосно амбициозни да ја покажеме нашата игра. Нема да зборувам за гласините дека можев да го преземам Интер на лето. Тоа не ме интересира во моментов. Ова прашање ме боли поради емоциите што ги чувствувам. Јас сум во Комо и ќе проголтам сè и секого за тимот. Ќе го добиеме натпреварот, ќе одиграме одлична игра и ќе продолжиме да растеме, ништо повеќе“, вели Фабрегас кој посебно пофални зборови имаше за тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, но и за ѕвездите на Нераѕурите.

- Оглас -

Најнови вести