Фабрегас со нов предизвик, првпат во кариерата ќе игра во италијанската Серија А?

Искусниот шпански фудбалер, Сеск Фабрегас, летово го напушта Монако и францускиот клупски фудбал, а уште е во потрага по нова клупска средина. Според некои шпекулации, голем интерес за Фабрегас има од Сампдорија.

Од Монте Карло до Џенова има 182 километри, а и кај 35-годишниот Фабрегас имало интерес за понудата, бидејќи тој досега во богатата кариера нема играно во италијанската Серија А.

Фабрегас имаше намера да се повлече, но можеби понудата од Сампдорија ќе го премисли.

- Оглас -

Најнови вести