19.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Фабрицио Романо: „Готово е! Модриќ потпиша за Милан“

Ерата на Лука Модриќ во Реал Мадрид заврши со елиминацијата од ПСЖ во полуфиналето од Светското клупско првенство, но сега Хрватот го чека ново поглавје во неговата кариера.

Најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, објавува дека трансферот на Модриќ во Милан е завршена работа, а Хрватот следната сезона ќе игра во Серија А. Според Романо, Модриќ и Милан потпишале едногодишен договор, а Модриќ ќе им приклучи на новите соиграчи на почетокот од следнот месец.

- Оглас -

Најнови вести