Фабрицио Романо откри колку пари ќе заработи Мбапе од трансферот во Реал Мадрид

Сè поизвесно е дека Килијан Мбапе налето си заминува од ПСЖ, и тоа како слободен фудбалер. Неговиот договор истекува на крајот од тековнава сезона, а дека тој нема да остане во Париз, потврди и тренерот на Светците, Луис Енрике.

Следната дестинација на францускиот репрезентативец ќе биде Реал Мадрид, каде што ќе се пресели како слободен фудбалер, а Кралевите нема да му платат ниту евро на ПСЖ за нивниот најдобар фудбалер. Сепак, парите кои евентуелно би ги добил ПСЖ, ќе завршат на сметката на Килијан Мбапе. Тој само за потписот со Реал Мадрид ќе инкасира над 100 милиони евра.

Фабрицио Романо открива и колкава ќе биде неговата плата во Реал Мадрид, а таа нема да биде ништо повеќе од онаа на Џуд Белингам и Винисиус, односно ќе изнесува околу 24 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести