Лука Модриќ ги игра последните натпревари за Реал Мадрид на Светското клупско првенство во САД. Хрватот веднаш по клупскиот Мундијал станува слободен фудбалер, а најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, тврди дека веќе сè е договорено околу трансферот на Модриќ во Милан.
Лука Модриќ во својата кариера настапуваше за Динамо Загреб, но и како позајмен за Зрињски Мостар и Интер Запрешиќ, додека на меѓунардна сцена беше дел само од Тотенхем и Реал Мадрид, па сега на 39-годишна возраст за првпат ќе заигра и во италијанската Серија А.