Фабрицио Романо тврди: „Анчелоти си оди од Реал и го презема Бразил!“

Најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, објави ноќна бомба на социјалните мрежи. Тој тврди дека веќе е јасно дека Карло Анчелоти си заминува од Реал Мадрид и тоа на крајот од оваа сезона, пред почетокот на Светското клупско првенство.

Според него, италијанскиот тренер веќе ги договорил сите детали со Фудбалскиот сојуз на Бразил и ќе биде нов селектор на „кариоките“. Анчелоти ќе го преземе Бразил уште во јуни и ќе го предводи на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, а не како што се најавуваше дека тоа ќе го стори пред почетокот на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести