Дани Олмо е нов фудбалер на Барселона. Ова го тврди фудбалскиот инсајдер, Фабрцио Романо, според кој шпанецот ќе потпише шестгодишен договор со Барселона, односно до 2030-тата година. Трансферот ќе изнесува 55 милиони евра фиксно, но и седум милиони евра во дополнителни бонуси, најголемиот дел од нив тешко остварливи.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1820802308428435593
Дани Олмо блесна во дресот на Шпанија на Европското првенство во Германија, а ја освои и златната копачка на континенталниот собир. Шпанецот потекнува од академијата на „каталонците“, а сениорската кариера ја започна во Динамо Загреб.