Едно од најбараните тренерски имиња летово со сигурност ќе биде Чаби Алонсо, барем така тврди најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо. По отказот во Реал Мадрид, следната дестинација на Шпанецот ќе биде Премиер лигата.
Според најавите, во моментов интерес за Чаби Алонсо има од Манчестер сити и од Ливерпул, од каде што се во потрага по наследници на Пеп Гвардиола и Арне Слот.
Сепак, тешко е да се верува дека Граѓаните ќе се откажат од Каталонецот, па затоа поверојатната опција за Чаби Алонсо е дека ќе биде нов тренер на Ливерпил, екипа во која мина добар дел од својата фудбалска кариера.

