Експертот за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, со објава на социјалните мрежи открива дека е познато кој ќе ја освои Златната топка, која треба да биде доделена во понеделник.
Тој во својата објава пишува: „Меси добил порака во понеделник навечер да биде во Париз и да подготви свечен костум. Се знае што значи тоа. Дека сигурно ја освојува осмата Златна топка. Сè укажува на тоа.“
Најголеми кандидати за освојувањето на Златната топка се Лионел Меси и Ерлинг Халанд, а доколку тврдењата на Фабрицио Романо се покажат како точни, тогаш Аргентинецот ќе ја освои својата осма Златна топка и значајно ќе му побегне на Кристијано Роналдо, кој има „само“ пет.