Сега конечно е и официјално! Евролигата ги пакува куферите за Обединетите Арапски Емирати бидејќи на Генералното собрание на тимовите што е во тек со големо мнозинство (11-2) е одлучено следниот Фајналфор да се одржи во Абу Даби.
Само Реал Мадрид и Олимпијакос биле против. Тие сметале дека условите сè уште не се идеални и дека оваа одлука ќе биде повеќе штетна отколку позитивна за европската кошарка.
Фајналфорот ќе се одржи од 23 до 25 мај 2025 и тоа ќе биде првпат за европската титула во кошарка да се решава во сала која е надвор од Европа.
„Етихад арената“ во Абу Даби има капацитет од 18.000 седишта, таму летоска се играа и шест претсезонски натпревари на НБА-тимови.