Фајтерот кој направи хаос на мечот со Хабиб, со нов скандал откако не можеше да се справи со Пол (Видео)

Логан Пол на доминантен начин го победи Дилон Данис кој едноставно делуваше инфериорно и на крајот направи скандал по кој борбата беше прекината. Во тек беше шестата рунда кога Данис неможејќи боксерски да се спротистави на противникот, се обиде со џиу-џици потег да го совлада, но не успеа.

Пол доминираше на мечот во Манчестер, а Данис само повремено се обидуваше да го загрози ривалот но не успеваше, па на крајот направи хаос по кој мораше во рингот да влезат 10-тина луѓе од обезбедувањето, а судијата веднаш ја прекина борбата и го прогласи Пол за победник.

https://twitter.com/i/status/1713387685455581214

„Штета што не го залепив на подот. Покажа дека е само едно обично ѓубре од човек. Овој човек се нарекува борец? Меконор го средив твојот човек“, рече Пол по мечот.

Данис е познат како борецот кој направи хаос и во Лас Вегас по мечот на неговиот спаринг партнер Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов. Тогаш Данис на верска основа го навредуваше Дагестанецот, кој ги загуби нервите и скокна од рингот за да се тепа со провокаторот.

Синоќа во Манчестер Американецот повторно направи хаос и тоа во меч на кој доби ќотек за памтење.

https://twitter.com/i/status/1713357725789221005

- Оглас -

Најнови вести