Фалангата денеска треба да се подготви за поригорозни претреси

Македонските навивачи се убедливо најбројни во Вараждин, нашите ракометари имаат „осми играч“ како поддршка, а така ќе биде и вечерва на дуелот со Гвинеја кога очекуваме победа со оглед на тоа дека има разлика во квалитетот и традицијата помеѓу тимовите.

Македонија со победа влегува во втората фаза меѓу 24-те најдобри, а секој друг исход би бил катастрофа.

После случувањата на мечот со Холандија, Светската ракометна федерација, ИХФ, ги казни и Хрватите за лоша организација, и побара во Вараждин да има зголемено обезбедување, подетални претреси при влез во салата, а новина ќе биде и тоа што вечер ќе нема публика на делот веднаш зад клупите и записничката маса.

РФМ доби казна, а од ИХФ доби и предупредување и закана дека ако се повторат настаните (фрлање парички и плукање кон судиите и противничкиот тим) идните мечеви на Македонија би се играле без публика, сценарио кое никој не го посакува.

- Оглас -

Најнови вести