Каде и да игра, македонската фудбалска репрезентација секогаш има поддршка од навивачката Фаланга. Се очекува меѓу 700 и 1.000 наши навивачи да има на трибините на стадионот во Кардиф.
Нашите симпатизери веќе се собираат, атмосферата се загрева.

Голем оптимизам владее кај нашите навивачи кои дојдоа од сите страни на Европа за да навиваат за нашите фудбалери во обидот да се задржи второто место во групата.


