Фалангата и во Манчестер знае да направи фешта (Фото)

Уште неколку часа остануваат до почетокот на дуелот меѓу Англија и Македонија на „Олд Трафорд“ во Манчестер, а низ градот сè побројни се македонските навивачи. Во делот којшто е означен за македонска фан зона веќе е обоено во црвено и жолто, а македонските фанови се расположени.

Повеќе од 200 навивачи за Македонија треба да има на трибините на легендарниот европски стадион, кој собира повеќе од 75.000 гледачи. Денеска уште во раните утрински часови низ улиците, но и на дел од зградите во Манчестер можеа да се видат развиорени македонски знамиња.

 

- Оглас -

Најнови вести