Фалангата ќе навива за Словенија како „одмазда“ за немилиот инцидент (ФОТО)

Репрезентацијата на Словенија ќе има голема поддршка од македонската Фаланга на мечот со Црна Гора кој се игра од 18:00 часот.

Овие две селекции ќе водат борба за второто место во групата А, каде што сме ние и Данска, а причината поради којашто македонските фанови ќе навиваат за Словенија е добро позната.

Тоа е поради инцидентот со „плукачот“ Марко Ласица, кој по средбата меѓу Македонија и Црна Гора плукна по нашите навивачи.

Тој потоа доби казна и се извини, но нашите фанови нема да му го заборават ваквиот потег.

 

- Оглас -

Најнови вести