Ракометната репрезентација на Македонија доцна попладнево заминува за Чешка, каде што утре треба да го игра првиот меч од баражот за пласман на Светско првенство, а на трибините во салата во Злин ќе има и македонски фанови.
„Македонската Фаланга од Виена, како една од најверните и најредовните навивачки групи на гостувањата на македонската репрезентација, на 13 април патува во Злин/Чешка со свои 60-тина членови, каде што воедно ќе бидеме и поддршка на македонскиот тим за ПОБЕДА!“, најавија нашинците коишто живеат и работат во Австрија.